И денес неразрешена мистерија: 23 години од атентатот врз Киро Глигоров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешен ден, 3 октромви, 1995 година, беше извршен неуспешен атентат врз Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.

До денешен ден мистерија кој и зошто го извршил нападот врз македонскиот претседател остана неразрешена и истражната постапка е се уште отворена.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција кон Собранието.

Во автомобил „Цитроен Ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, активиран на дистанца.

Во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Според истражните органи истрагата била обемна со претрес на повеќе десетици илјади луѓе, возила и објекти. Беше објавен и фото робот на еден од осомничените но сето тоа не даде резултат.

Претседателот Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.