Home Вебкафе Хумана Британка готви по 80 оброци на ден за болните кои се во самоизолација

Хумана Британка готви по 80 оброци на ден за болните кои се во самоизолација

Британката Софи Мерс поминува до десет часа на ден во готвење бесплатни оброци кои потоа им ги доставува на лицата кои не можат да ги напуштат своите домови поради пандемијата на коронавирус.

Софи, која вообичаено работи во администрација во локално училиште, започнала да работи од дома кога бил прогласен карантин, но исто така решила да стори нешто за да и помогне на заедницата. Нејзината идеја за бесплатни оброци наскоро се претвори во масовна мисија . Нејзиниот сопруг Гери организира и пакува оброци за разнесување, а потоа тим од осум доброволци им доставуваат храна на оние што имаат потреба.

Мештаните донирале храна и пари за да ги покријат трошоците за подготовка на топли оброци, како што се супи, чорби и колачи.

“Се започна пред неколку недели. Некој рече дека има семејство на кое му треба оброк, па затоа јас зготвив храна за нив и така започна. Сега подготвувам оброци за 80 луѓе. Мојата кујна не е голема, тоа е само нормална, семејна кујна. Гаражата се претвори во магацин со неколку фрижидери и замрзнувач. Луѓето ме воодушевија со нивните донации од сè што ми треба “, рече таа.

„Не сметам дека работам ништо посебно, јас само готвам“, рекла скроманата Софи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…