Huawei го одбра Squid пред Google News како агрегатор за вести


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако американско-кинеската економска војна ја нема загубено динамиката, американскиот технолошки гигант Google, неодамна, сепак побара да продолжи да соработува со компанијата Huawei, кинескиот IT гигант бара друга стратегија за нудење на своите услуги на други технолошки компании.

Поради ембаргото кое на кинескиот производител на уреди им го наметна САД, Huawei ги засили напорите самостојно да ги набавува своите услуги, како што е оперативен систем HarmonyOS, продавница за апликации AppGallery и Huawei Mobile Services, правејќи развој на своите услуги кои корисниците на уредите најмногу ги користат.

Една од тие услуги е и агрегатор на вести, па така Huawei ќе престане да соработува на тоа поле со Google, и наместо Google News, нивните корисници наскоро би можеле на Huawei уредите да користат Squid.

Squid се претставува како партнер со содржина, може да работи во длабока интеграција со Browser и Assistant, а во моментов работи на 29 јазици. Оваа интеграција ќе им овозможи на корисниците како и до сега да ги откријат најновите новости едноставно со прелистување низ содржината директно од почетниот екран.

Squid е можно бесплатно да се преземе од Google Play продавницата.