Храбри патници се качија на последниот лет 666 за HEL на петок 13-ти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скандинавската авиокомпанија Finnair, која од 2006 година наваму секој петок 13-ти, ги вози храбрите патници кои не веруваат во суеверија од Копенхаген до Хелсинки, одлучи летото AY666 денес за последен пат да ги вози патниците во главниот град на Финска.

Летот е познат како AY666 to HEL и ги превезува патниците од Данска до Финска во 13 часот, на петок 13-ти. Патувањето на денот кој се смета за најбаксузниот во годината би можело да ви заштеди и нешто пари, но летањето во 13 часот на петок 13-ти, сепак, многумина би сакале да го одбегнат.

„Денес е последниот наш лет нумериран како AY666 кој ги превезува патниците до Хелсинки“, изјави портпаролот на Finnair и додаде дека во текот на изминатите 11 години AY666 на петок 13-ти компанијата направила 21 лет.

Тој изјави дека од 29 октомври некои од броевите на летовите во нивната мрежа ќе бидат променети и летото Ay666 од Копенхаген до Хелсинки ќе биде нумериран со AY954.

За среќа, пилотот Јуха-Пека Кеидасто, кој е задолжен за овие летови, вели дека не е суеверен и дека воопшто не се плаши од летањето на петок 13-ти. Авионот полета во 13:20 часот по локално време од Копенхаген, а во Хелсинки стигнува нешто пред 16 часот, исто по локално време.

Петок 13-ти се смета за несреќен датум, бидејќи според Библијата, на тој ден се наведува дека се случила смртта на Исус. Исто така, се верува дека токму на овој ден Ева го навела Адам да го гризне забранетото јаболко и да го направи првиот грев, а на петок 13-ти и Каин го убил својот брат Авел. На овој ден, во 1927 година, се случи вториот најголем крах на берзите, а деловните неуспеси и банкроти ги поттикнаа брокерите на самоубиствени скокања од прозорите на зградата на Вол Стрит, после што денот беше запаметен како „црн петок“.