Home Актуелно Хорор во Холандија: Полицаец си ги убил децата, а потоа и себеси

Хорор во Холандија: Полицаец си ги убил децата, а потоа и себеси

Три лица загинаа, а едно е тешко повредено во семејна куќа во Дордрехт, недалеку од Ротердам, јавуваат холандските медиуми.

Холандски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека полицаец со огнено оружје убил членови на своето семејство, а потоа се застрелал и себеси, пренесува „Макфакс“.

Според неофицијални информации, полицаецот во понеделниот навечер ги застрелал своите две малолетни деца, а потоа си пресудил.

Полицијата засега не е во можност да потврди што точно се случило.

Градоначалникот на Дордрехт одговори преку „Твитер“, велејќи дека сочувствува со сите вклучени во инцидентот и најави дека во текот на вечерта ќе го посети местото на пукањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…