Home Шоубизнис Холивуд подготвува филм за спасувачката акција, продуцентите пристигнаа во Тајланд

Холивуд подготвува филм за спасувачката акција, продуцентите пристигнаа во Тајланд

Мајкл Скот и Адам Смит пристигнаа на Тајланд, каде во тек е спасувачката акција на децата кои со недели беа заглавени во пештера.

Би-Би-Си пренесе дека продуцентите веќе разговараат за можен филмски проект. Тие очекуваат дека на местото на настанот ќе пристигнат и други продукции, па велат дека мора да бидат брзи.

Денеска продолжи спасувачката мисија за извлекување на последните четири момчиња од пештерата и нивниот тренер. Властите веруваат дека ќе успеат да ги извлечат сите во текот на денот, со што ќе стават крај на мисијата. Во акцијата учествуваат нуркачи и тимови од целиот свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …