Харви Вајнстин се спогоди со жртвите кои го тужат – ќе им исплати 44 милиони долари


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудскиот продуцентски могул и до пред извесно време еден од највлијателните луѓе во филмската холивудска индустрија, Харви Вајнстин, заедно со поранешните членови на бордот на неговото студио постигнаа привремен договор со сите жени кои го обвинија за сексуално малтретирање.

Адвокатите информираа дека спогодбата за решавање на овој цивилен спор и компензација со наводните жртви ќе изнесува околку 44 милиони американски долари.

Продуцентот Вајнстин негираше дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал 75 жени и ќе излезе пред судот во Њујорк во јуни, под обвиненија од две жени, вклучувајќи и едно обвинение за силување.

Тој е еден од најпознатите продуценти во Холивуд и работеше на многу различни филмови кои ја освоија најпрестижната награда „Оскар“, како што се „Заљубениот Шекспир“, „Говорот на кралот“ и „Артистот“. Со зголемувањето на бројот на обвиненијата кон името на Вајнстин и растењето на скандалот, неговата компанија мораше да прогласи банкрот.

Обвиненијата против Вајнстин го започнаа движењето „И јас исто така“ (#metoo), преку кое илјадници жени почнаа да откриваат сексуални скандали со мажи на високи позиции во бизнисот, Владата и во забавната индустрија за сексуално малтретирање и злоупотреба.