Харви Вајнстин пуштен со 2 милиони долари кауција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот холивудски продуцент Харви Вајнстин прифати да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади и во истиот да се брани од слобода.

Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица.

Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните милион долари, но судијата Џејмс Бурк од Врховниот суд во Менхетен се согласи да го ослободи Вајнстин со кауција од два милиони долари, објави Ројтерс. 67-годишниот Вајнстин користеше помагало за да влезе во судницата.

Неговата адвокатка, Дона Ротуно, рече дека тој утре има операција на грбот.Судскиот процес е закажан за 6 јануари 2020 година, а Вајнстин би можел да се соочи со доживотен затвор , доколку биде осуден.

Харви се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз две жени, едната во 2006, а другата во 2013 година.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата за злоставување на десетина жени, велејќи дека со нив е постигната согласност.