Актуелно

Харадинај се огласи за апсењето во Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека специјалните сили утринава спровеле операција за апсење во општините во северниот дел на Косово и, нагласи дека тоа е „операција против шверц и организиран криминал”.

-Во северните општини во Косово се спроведува операција против шверц и организиран криминал во рамките на нашата посветеност на владеењето на правото за сите. Потврдувам дека таа операција е насочена против организираниот криминал, и цел се полициски и царински службеници. Ги повикувам граѓаните да останат мирни, објави Харадинај на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди пред 11 дена дека властите во Приштина се подготвуваат да уапсат Срби од косовската полиција и истакна дека Приштина ќе ја правда таа акција, наводно, со борбата против криминалот.

Advertisements
To Top