Славни

Хамес Родригез импресиониран од славната порно дива

Хамес Родригез, играчот на Реал Мадрид кој е на позајмица во Баерн Минхен, се разведе од Даниела Оспин, сестрата на колумбискиот голман Давид Оспин кој ги брани боите на Арсенал. Оддалеченоста си го направи своето и овој фудбалски махер од неодамна повторно е „соло“.

На својот Твитер профил тој следи вкупно 292 други профили, а кога одлучи да ја следи порно дивата Кендра Ласт, предизвика бројни шпекулации во јавноста.

Порно актерката со вистинско име Мишел Ен Мејсон, прво почна да се занимава со стриптиз и разголување пред веб камери, за во 2012 година да заплива во порнографските води.

Имајќи предвид дека нема сопруга, ништо не го спречува да тргне во акција ако е доволно храбар, бидејќи Кендра има сопруг полицаец со кој има и дете. Наводно, Кендра и Хамес почнале и да се допишуваат за време на празниците, но сето тоа останува во сферата на муабети кои кружат на интернет.

To Top