Хаки Азири во „Монструм“: Радникот ми ги пишуваше исказот што го кажав пред судијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Бившиот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодороски-Радникот, ми го напиша исказот“, тврди Хаки Азири објаснувајќи дека бил под притисок што точно да каже пред истражниот судија во врска со петкратното убиство кај Смилковско, вака сведочеше трето овинетиот Азири.

Според неговите зборови, Радникот „замешал“ прсти, за Азири да признае дека им помогнал на прво и второ обвинетиот Африм Исмаиловиќ и Алил Демири да избегаат во Косово. А по кои веќе 6-та година по ред Интерпол трага.

На прашањето на судот, зошто тогаш дал еден исказ, а денес се премислил, истака дека таа изјава ја дал под притисок, закани и уцени од старна на полицијата. Стравувал за неговиот и животот на своите најблиски. Според неговите зборови, му бил понудел лажен идентитет, пари, па дури и засолниште во Холандија.

Азири, вчера постојано повторуваше дека не се сеќава дали на 12 април 2012 година, се сретнал со Исмаиловиќ и Азири, иако како што вели тој во исказот за кој тврди дека е лажен , признал дека им помогнал, како и тоа дека Исмаиловиќ му рекол дека убиле човек.

Тој вчера сведочеше дека дента си ја обработувал бавчата, а потоа заминал во џамија.

На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи, која рече дека има многу нелогичности во неговите зборови, па побара Азири да оди на полиграф.

„Како е можно со оглед на тоа дека обвинетиот рече дека бил изложен на тортура и чувствувал страв, за толку кратокот временски период да научи што треба да каже пред истражниот судија, како што тврди тој- со оглед на тоа дека бил приведен на 1.мај. 2012, а веќе на 2 мај 2012 дал исказ. Предлагам да оди на полиграф“, побара Фетаи.

Ваквото барање на обвинителката го прифати од одбраната.

„Го поздравивме ваквиот предлог, дури со колегата и сакавме да го предложиме тоа. Навистина сме на страната на СЈО, сакаме да се расветли овој настан и да се детектираат виновниците. Меѓутоа се повеќе произлегува, по распитот на сите обвинети, дека тие не се сторителите на тој грозоморен чин “, вели Насер Рауфи, адвокат на обвинетите.

Следното рошите е закажано за 12 јуни, а ќе има сведоци. Судот претходно одличи на прво и второ обвинетиот Африм Иасмиковивиќч и Алил Демири, да им суди во отсуство, со оглед на тоа дека веќе 6 години нема ни трага ни глад ос нив, но според обвинетите кои до сега сведочеа, се кријат во Косово. Досега ниту еден од 4та обвинети не призз вина за ктивичното дело за кое се товарат-тероризам.