Home Актуелно Гутереш до Путин: „Во име на човештвото, прекини ја војната“

Гутереш до Путин: „Во име на човештвото, прекини ја војната“

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во последен момент упати молба до Путин да ја прекине војната „во име на човештвото“ откако рускиот лидер најави воена операција.

„Претседателе Путин, во име на човештвото, вратете ги вашите сили во Русија“, рече Гутереш, говорејќи по состанокот на Советот за безбедност на ОН.

„Последиците од војната би биле погубни за Украина и далекосежни за глобалната економија“, рече тој.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг остро го осуди рускиот „непромислен и неиспровоциран напад“ врз Украина и рече дека сојузниците на НАТО ќе се состанат за да ги решат последиците од „агресивните дејствија“ на Москва.

Рускиот амбасадор во ОН одговори дека неговата земја не е агресивна кон украинскиот народ, туку кон „хунтата“ во Киев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…