Грција кажа ДА на новиот договор за финансиска помош


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Грчкиот парламент сега ќе мора да ги одобри реформите.

Атина и нејзините кредитори се договорија за пакет реформи од програмата за помош на Грција, потребни за ослободување на следната транша од 86 милијарди евра, рече грчкиот министер за финансии Еуклид Закалотос.

Грција се согласи да ги намали пензиите, да ги зголеми даноците и да воведе реформи во секторите за труд и енергетика, како дел од договорот, објави Ројтерс.

Се појави бел чад, рече Закалотос, според Агенцијата за печатот. Преговорите за технички договор се затворени за сите прашања, сега патот е поплочен за разговори за олеснување на долгот.

На Грција итно и е потребна следната исплата на финансиска помош, без која нема да биде во можност да го отплати долгот од 6 милијарди евра до крајниот рок во јули, објави Фајненшл тајмс.

Договорот, исто така, обезбедува континуирано учество на Меѓународниот монетарен фонд, кој за разлика од Германија зазема поблага линија за финансиската помош на Грција, пренесува Политико.