Home Вебкафе Грешка тешка милион долари: Во забуна му дадоа добитно ливче за лото

Грешка тешка милион долари: Во забуна му дадоа добитно ливче за лото

Вработените во една продавница по грешка му продадоа добитно ливче на еден 70-годишен маж кој сега е на слатки маки – треба да одлучи дали ќе добива по 1.000 долари секоја недела до крајот на својот живот или ќе ја подигне веднаш сета добивка која тежи еден милион долари.

Данте Кастиљо обично сам си ги бира бројките за лотото, но минатиот четврток продавачот му продаде ливче на кое бројките по игра на случајност ги имаше одбрано компјутерот. Играта на среќа која се игра во седум американски држави преку компјутерот на Данте му донесе „петка“ на лотото.

Како што пренесува New York CBS, 70-годишниот Данте и сопругата одлучија милион долари вредната добивка да ја подигнат веднаш, наместо да добиваат по 1.000 долари секоја недела до крајот на животот.

Продажниот центар во кој беше купено добитното ливче од лотаријата ќе добие 10.000 долари бонус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…