Актуелно

Граѓаните се жалаат: Снегот не се чисти на автопатот Скопје – Тетово

Автопатот Скопје-Тетово не се чисти од снегот кој од ноќеска почна да врне низ северна и западна Македонија. Граѓани се жалат дека автопатот е прекриен со снег и никој од службите нема поминато да го исчисти, пренесува порталот СакамДаКажам.

Врнежи од снег утринава има во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, Скопје, планинскиот превој Стража, Кула, Маврово и на Попова Шапка и од АМСМ информираа дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Оттаму велат и дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по влажни коловози.

To Top