Гостиварски наставник заврши во притвор бидејќи присилно бакнувал ученичка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


54-годишниот наставник со иницијали Х.Р., од основно училиште во гостиварско, на 29 јануари во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал.

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Х.Р, наставник во основно училиште во гостиварско, поради тоа што на 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал.

Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.