„Голема Македонија“ – нов провокативен проект на Мицотакис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на социјалните мрежи ја најави новата кампања на неговата земја насловена како „Голема Македонија“.

Во видео спотот објавен на неговиот официјален твитер-профил, Мицотакис се повикува на славното минато и на македонските производи произведени на македонската земја.

„Новиот белег што ќе ги придружува македонските производи ширум светот им дава единствен идентитет на производите произведени на македонската земја. Идентитет кој се однесува на славното минато и го отвора патот за подобра иднина“, напиша Мицотакис.

Во првиот член од Преспанскиот договор се одредува што ќе биде преземено во врска со употребата на името Македонија во трговските брендови. Но и тој член, како и другите, остава голем простор за толкување.

„Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО”.

Оваа група на експерти сѐ уште не си ја заврши работата. Но, грчкиот премиер овој член од Преспанскиот договор поинаку го толкува.