Home Вебкафе Го сомничат дека најмил убиец да го убие педофилот поради кој се самоубила неговата ќерка

Го сомничат дека најмил убиец да го убие педофилот поради кој се самоубила неговата ќерка

Педофилот Ѓузепе Матарацо (45) од Италија во јули минатата година беше убиен во гратчето Фрасо Тересино, на 35 километри од Неапол.

Пред да биде убиен излегол од затвор , каде минал 11 години за сексуално злоставување на две тинејџерки. Една од девојчињата, 15 годишната ќерка на човекот кој се сомничи за убиството на педофилот , се самоубила откако Матарацо бил осуден и затворен.

Платен убиец од возило во движење испукал пет куршуми во теклото на педофилот. Полицијата и натаму истражува дали навистина таткото на една од жртвите го нараќал убиството на педофилот.

Во рамки на случајот уапсени се двајца мажи, за кои се верува дека биле во автомобилот од кој било пукано во педофилот. Таткото на девојчето не бил уапсен, но е под сомнение.

Државниот обвинител Алдо Поликастро смета дека за сега нема поврзаност меѓу мажите и таткото на девојчето, но истрагата е во рана фаза.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…