Го покачија минималецот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Согласно новата методологија за пресметка на минималецот – на сметките на над 80 илјади работници, наредниот месец наместо сегашните 18 илјадарки, ќе легнат 20.175 денари денари. Новиот износ го соопшти лично премиерот Ковачевски, кој напомена дека ова зголемување ќе го добијат и 27.000 административци.

Зголемувањето на минималната плата е согласно новата методологија која економско-социјалниот совет ја договори лани. Според формулата се пресметуваат 50% од растот на трошоците за живот и 50% од растот на просечната плата.

Синдикатите задоволни, но порачаа да растот да се одрази и на останатите плати, бидејќи високите цени ја намалија куповната моќ на граѓаните. Работодавачите ќе го почитуваат законот, но според нив работниците не треба да се задоволни само со минималната плата, туку да се мотивирани да заработат и повеќе.

„Сите работодавачи како во приватниот така и во јавниот сектор односно Владата да најдат сили и начин да ги усогласат платите и на останатите вработени, за да не дојде до соодветна урамниловка каде не би имале силно мотивирани работниц.“ истакна Златко Цветкоски, ССМ

„ Да имаме попродуктивни работници, да имаме млади луѓе кои ќе бидат позадоволни со живеењето во оваа држава и да имаме млади луѓе кои ќе сакаат да работат во приватниот сектор.“ изјави Владанка Трајковска, претседател на организација на работодавачи.

И со овој раст на минималецот ќе бидат потребни две ипол минимални плати да се задоволат основните потреби на едно четиричлено семејство. Според пресметките на синдикатот потошувачката кошница минатиот месец изнесувала 50 909 денари, од кои над 19 илјади денари оделе само за храна и пијалаци.