Гламурозниот живот на најсексапилната жена-пилот на светот


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Прекрасната 27-годишна Бразилка Луана Торес, веднаш по завршувањето на студиите по економија, сфатила дека таа професија не е за неа, па одлучи да стане жена-пилот и да го пропатува светот.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

Во меѓувреме, социјалните мрежи станаа нешто без што, очигледно, човештвото не може да живее (така барем си мислат), па и оваа убавица од Рио де Жанеиро стана Инстаграм ѕвезда. Нејзините авантури по светот ги следат над 60.000 луѓе, а досега има посетено 28 земји.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

Најчесто се фотографира во кокпитот од хеликоптерите кои го управува, Robinson R22 и Robinson R44.

„Мојот повозрасен брат е пилот и пораснав слушајќи ги неговите приказни за хеликоптерите, а подоцна тој се ожени со жена-пилот, така што тие двајца ми беа пример“, вели Луана.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

„Пред да откријам дека сакам да се занимавам со ова, студирав економија, а во текот на еден одмор во Австралија прв пат пробав да управувам хеликоптер. После тоа знаев дека сакам да летам. Штом дипломирав, запишав школа за летање“, раскажува таа.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

Своите пилотски авантури брзо почна да ги споделува и документира на Инстаграм, а освен фотографии, често објавува и видео снимки.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

„Пилотирам со мали хеликоптери од кои сè се гледа, па дури и она под вас. Можете да слетате каде што сакате и да управувате со нив во секој правец, па дури и наназад“, раскажува Луана, додавајќи дека луѓето често се изненадуваат кога ќе видат дека жена управува со хеликоптер, но тоа не е пречка за неа.

A post shared by Luana Torres (@pilotluana) on

Оваа година таа се омажи и се пресели во САД, но од пилотирањето не планира да се откаже.