Актуелно

Германски BMW против кинескиот BMN – еве кој ја доби 432.000 долари тешката тужба

Газдите на кинескиот брендот BMN, чие лого наликува на она од германскиот автомобилски гигант BMW, на Баварците ќе треба да им искешираат фина сума како обештетување поради кршење на правата на сопственост.

Традицијата на Кинезите за копирање и имитација на различни марки е веќе евидентен факт, но и соочување со тужби си одат во пакет со тој факт. Генерално гледано, најчесто копирањето им проаѓа без да ги тужат, но овој пат судот во Шангај имаше задача да пресуди за повреда на правата на сопственост во ваков контекст во спорот кој го иницираше BMW. И судот пресуди во корист на BMW, за спор со две кинески компании кои регистрирале лого многу слично на познатиот сино-бел пропелер.

Во својата пресуда, Шангајскиот суд за заштита на интелектуалната сопственост вели дека извесен Жу Легин ја регистрирал компанијата Deguo Baoma Group Holdings Limited in China уште во 2008 година, а името се преведува како German BMW Group Holdings Limited. Жу легин потоа го купил и регистрирал името BMN, со лого слично на BMW.

Судот соопштува дека сите наведени ги повредиле правата на BMW во Кина и ја искористиле предноста на угледот на германската компанија. Затоа, мора да платат надомест од 3 милиони јуани или околу 432.000 долари на BMW.

Advertisements
To Top