Вебкафе

Генијална порака на сметките во еден њујоршки ресторан – пред фактите и боговите молчат

Готвачот Марк Сајмонс на сметката од својот њујоршки ресторан додаде порака со политичка конотација која се однесува на имиграциската политика на Трамп, а која последниве денови стана вирален хит на социјалните мрежи.

„Имигрантите ја прават Америка голема (тие, исто така, ви ја зготвија и ви ја послужија храната која ја јадете“, стои на дното од сметката од која фотографија на Твитер објави новинарката Мери Емили О’Хара.

Сајмонс во САД се доселил од Нов Зеланд, а во неговиот ресторан јадат  луѓе од пет различни земји. „Пораката ја додадов на дното од сметката за да ги потсетам гостите дека токму имигрантите се тие од кои зависи нивното угостителство“, изјави тој за DNAinfo.

To Top