Генерално сончев вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот ден, вторник, 18. јануари, во Македонија претпладне носи сончево време со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег.

Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 6 Целзиусови степени, Маврово 0, Охрид 6, Битола 4, Крива Паланка 1, Берово 2, Кавадарци 6, Дојран 9.

Утре времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 9 степени.