Генералниот секретар на ОН, Гутереш, верува дека Русија нема да ја нападне Украина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, предупреди дека ситуацијата во светот денеска е значително полоша од пред пет години поради пандемијата на ковид-19 која сè уште ја тресе планетата, поради климатската криза и геополитичките тензии што ги предизвикаа бројни судири. Но, за разлика од американскиот претседател Џо Бајден, тој смета дека Русија нема да ја нападне Украина.

Не мислам дека Русија ќе ја нападне Украина. Се надевам дека моето уверување е точно, рече Гутереш, кој на 1 јануари го почна вториот петгодишен мандат на чело на ОН, во интервју за Асошиејтед прес.

Тој нагласи оти не верува во воено решавање на проблемите кои постојат и дека најрационален начин за нивно решавање е преку дипломатски пат и низ сериозен дијалог.

Гутереш истакна дека потенцијална инвазија би имала „страшни последици“.

„Бевме во контакт со највисоки официјални претставници на Русија“, порача Гутереш, иако ОН, како што потенцира, не се директно ангажирани во украинската криза.