Газпром за крајот на август најави тридневен прекин на испорака на гас за Германија преку Северен тек 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот енергетски концерн Газпром за крајот на август најави тридневен прекин на доставата на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1. Причината за прекинот на испораките е сервисирањето на гасоводот.

Руската државна компанија Газпром соопшти дека на крајот на август три дена ќе ја запре испораката на гас низ гасоводот Северен тек 1 која води низ Балтичкото море. Газпром синоќа соопшти оти гасот, поради работи на одржувањето на гасоводот, во Германија нема да пристигнува од 31 август до 2 септември.

Во тек на овие три дена би требало да биде испитана и ремонтирана единствената турбина од компресорската станица Портоваја која е во функција. Оваа работа Русите би требало да ја направат во соработка со стручњаците од Сименс Енерџи, чија управа не ја коментираше најавата на Газпром.

Како што е соопштено од Газпром, по најавените тридневни работи на одржувањето, 33 милиони метри природен гас секојдневно ќе се испорачуваат преку Северен тек 1 – ако нема технички проблеми. Тоа одговара на 20 отсто од максималната дневна испорака, на која Русија пред неколку недели го намали дотокот, укажувајќи на неопходни поправки на системот на гасоводот.

Германското Министерство за економија и заштита на климата соопшти дека примило извештај за сервисирањето на гасоводот. „Ја следиме ситуацијата во блиска соработка со Сојузната агенција за мрежи. Протокот на гас преку Северен тек 1 во моментов е непроменет и изнесува 20 отсто“, се наведува во соопштението. Претседателот на Сојузната агензија за мрежи, Клаус Милер, даде слична изјава на Твитер.