Џеј Ло во топлес издание на реклама за крем за затегнување на задникот

Во заводлива поза, облечена само во спортски гаќички додека со раката си ги покрива градите и задоволно се насмевнува, Џенифер Лопез рекламираше крема со екстракт од семе на гуарана и моќен розов бибер за зацврстување на задникот.

– Целата моќ и наука зад „Џеј Ло Бјути“ сега за тело – напиша Џенифер во опис на кремата.

– Дадовме предност на негата на кожата на телото, пред лицето, така што развивме клинички тестирана крема за нега на телото, која има своја цел и дава вистински резултати. Ние стоиме зад силата на довербата и силата на нашите тврдења. Ова е сериозна секси наука за која било возраст – стои во описот на брендот.

Цената на ова задоволство во шишенце е 65 долари.