Home Актуелно Газпром го секна гасот за Летонија

Газпром го секна гасот за Летонија

„Газпром“ денеска ја прекина испораката на гас за соседна Летонија поради кршење на условите за повлекување гас, соопштија од руската компанија.

Овој потег уследи еден ден откако летонската енергетска компанија Летонски Гас (Latvijas Gaze) соопшти дека купува гас од Русија и плаќа во евра наместо во рубљи, како што бара Москва.

Русија веќе ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да платат за гасот според наредбата на рускиот претседател Владимир Путин кој бараше да отворат сметки во рубљи во руска банка како дел од новото решение за плаќање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…