Фудбалерот Мартин Јанушев застрелан во Аеродром – почина на пат кон болница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лекарите не успеале да го спасат фудбалерот Мартин Јанушев (25) кој вечерва околу 18 часот бил застрелан со неколку куршуми во главата во скопската населбата Аеродром.

Јанушев бил застрелан пред локалот Ред кафе на улицата Владимир Комаров.

Според очевидци, фудбалерот бил застрелан со 4-5 куршуми во главата и во вратот. Случајни минувачи го качиле во автомобил и го однеле во Градската болница.

Неофицијално, полицијата веќе го знае идентитетот на напаѓачот, кој бил познаник на Јанушев, и трага по него. Напаѓачот наводно ѝ е познат на полицијата по серија тешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.