Фрапантни податоци: Планетата Земја во последните 26 години изгубила 28 трилиони тони мраз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 1994 година до денес, од површината на Земјата исчезнале вкупно 28 трилиони тони мраз, а до овие податоци дојдоа британските научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на земјата.

Ова количество на загубен мраз научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон го опишаа како „зачудувачко“, -доколку глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со ова темпо, секој сантиметар раст на нивото на морето ќе значи околу еден милион луѓе да бидат раселени од нивните домови – објаснуваат научниците, а посочуваат и дека топењето на мразот во овие количества сериозно ја намалува можноста земјата да го одбие сончевото зрачење назад во вселената.

Мразот исчезнува, а морето или земјата под него апсорбираат се повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата.