Home Актуелно Француските протести стануваат сè понасилни – по улиците е вистински хаос (снимка)

Француските протести стануваат сè понасилни – по улиците е вистински хаос (снимка)

Стотици илјади Французи со недели јавно го изразуваат својот револт и протестираат поради одлуката на владата на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Владата ја објаснува одлуката за празнење на буџетот и дека затоа се неопходни пензиски реформи, а опозицијата го тврди спротивното.

Во пресрет на новиот голем протест, одржан ширум Франција, Макрон рече дека реформите не се пријатни ниту за него, но дека мора да се спроведат и нема да се откаже од нив колку и да се непопуларни.

Во четвртокот, на 23 март, се одржа деветтиот ден од протестите, а во повеќе градови имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Синдикатите тврдат дека протести се одржале во повеќе од 320 градови низ земјата и дека 3,5 милиони луѓе излегле на улиците, но владата тврди дека всушност имало милион.

Улиците во многу градови, а особено на Париз, француската престолнина, се уште се полни со ѓубре, бидејќи на протестите се приклучија и работниците на општинското претпријатие кои не собираат отпад.

Токму планините од ѓубре им послужија на демонстрантите како своевидно оружје во пресметката со полицијата.

Поради новиот протест најавен за следниот четврток, откажана е претходно најавената посета на британскиот крал Чарлс Трети на Франција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…