Home Шоубизнис FoxNews со брутални навреди за Тунберг: „Таа е ментално болно дете, лик од хорор филм“

FoxNews со брутални навреди за Тунберг: „Таа е ментално болно дете, лик од хорор филм“

Срамен, низок, брутален и целосно неетички е коментарот на американската телевизија FoxNews која шведската активистка за климатски промени, тинејџерката Грета Тунберг ја нарече „ментално болно шведско дете”. Телевизиската презентерка, пак, ја спореди со лик од хорор филмот „Деца од пченката”.

Водителката Лора Инграм, во рамки на нејзината емисија на „FoxNews“ вербално и со навреди ја нападна шведската активистка Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.

„Дали вас ова не ви предизвикува морници“, запраша Инграм покажувајќи сцена од филмот Children Of The Corn. Таа порача авторот „следното продолжение на филмот да го нарече Деца од климата”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…