Фон дер Лејн предлага ЕУ да премине гласање со квалификувано мнозинство за да се тргне бугарското вето за Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ЕУ мора да биде способна побрзо да одговори на геополитичките настани и треба да се стави крај на барањето за едногласност во одлуките за надворешната политика, изјави вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за бриселското издание на Politico.

– Треба да преминеме на гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика – рече Фон дер Лајен во интервју за мала медиумска група организирана од нејзината канцеларија пред самитот на Европскиот совет оваа недела на кој се очекува да им се додели кандидатски статус на Украина и на Молдавија.

Фон дер Лајен одговараше на прашање на Политико дали и како ЕУ може да го промени процесот на одлучување, кој најчесто бара едногласност, за да ги прими потенцијалните нови членки, меѓу кои се Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.