Home Живот и здравје Финците шеста година по ред најсреќна нација – Македонците најнесреќни во регионот

Финците шеста година по ред најсреќна нација – Македонците најнесреќни во регионот

Жителите на Финска шеста година по ред се прогласени за најсреќна нација, покажува Светскиот извештај за среќата објавен денес.

Извештајот, кој се бави и со ефектите на кризата со коронавирусот врз среќата на луѓето, секоја година го составуваат научници во Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на институтот Галуп.

Според извештајот, по среќните Финци следат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Македонија се наоѓа на 87 место, по Конго и едвај пред Венецуела. Од земјите во регионот најсреќна е Словенија на 22 место, Србија е 45, а Хрватска 48. Црна Гора е на 67 место, а Босна и Херцеговина на 71 место на Светскиот извештај за среќата.

Грција е на 58, а Бугарија е на 77 место.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Совршено утро: тајните за идеален почеток на денот

Овие навики ќе ви го променат животот! За повеќето луѓе, најдоброто утро е кога не мораат …