Филипче тврди: Есенскиот пик го поминавме минатиов вторник, сега следува стабилизација на ситуацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот Филипче, во изјава за јавноста, денес соопшти дека врвот на есенскиот бран бил забележан минатиот вторник кога за еден ден имало 1.407 заразени и оти потоа ситуацијата почнала да се стабилизира.

Иако остануваме на 8-то место во светот со позитивни броеви на 1 милион жители, разликата на излекувани се намали на помалку од 10%. Министерот е оптимист дека состојбата сега е стабилизирана и оти со сегашните рестриктивни мерки се очекува броевите да продолжат да се намалуваат.

Сепак, нема да има полициски час. Во врска со карантинот што го побара градоначалникот на Прилеп, министерот Филипче рече дека утре ќе се одржи состанок, но веројатно нема да има таква рестриктивна мерка. По 21 часот угостителските објекти се затворени, а потенцијалната опасност се семејните собири.

Процентот на активно хоспитализирани случаи останува 6,7%, што според надлежните органи е низок и не ги преоптоварува болничките капацитети, каде на државно ниво има помалку од 1300 пациенти. Речиси 1.500 легла се во државното здравство, од кои 500 во Скопје. Од понеделник, уште 100 легла од трите приватни болници ќе бидат додадени во болницата „Мала Богородица“.

Ноември беше охрабрувачки и за бројот на пациенти излекувани во домашни и болнички услови. Минатата недела било забележано 45% зголемување на бројот на оздравени во споредба со седмицата претходно.