Фетаи за обвинетиот Пецов: „Како тргнало, може и да забремени во иднина“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на новото судско рочиште поврзано со случајот за насилство во општина Центар, обвинетиот Митко Пецов повторно не се појави во судот.

Причина за денешното отсуство на Пецов, според одбраната беа здравствени причини. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара итно издвојување на постапката и рече дека како што тргнал обвинетиот да се разболува, не е ни чудно во иднина да приложи документација пред судот дека останал бремен.

„Обвинетиот постојано е болен. Сега скршил пршлен, па ќе заздравел за еден месец. Во иднина, како што тргнал обвинетиот можеме да очекуваме дека ќе забремени”, рече Фетаи пред судот.

Адвокатот Димитар Дангов, кој го застапува обвинетиот Пецов пред судот рече дека неговиот клиент е болен и дека според препораките од лекар, му се забранува да станува и е неподвижен. Адвокатот Дангов на Фетаи и одговори дека неговиот клиент нема да забремени во иднина.

По ова судијата Душан Јосифов одлучи да ја одвои постапката за обвинетиот Пецов и да го продолжи судењето во кое е обвинет и поранешниот премиер, Никола Груевски.

Обвинетиот поранешен премиер Груевски доцнеше 20 минути и на денешното рочиште за овој предмет.

Во овој предмет покрај Груевски, обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште десетина лица, од кои двајца веќе признаа вина.