Home Актуелно Фетаи преку мејл и Вибер ја откажала својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Фетаи преку мејл и Вибер ја откажала својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Обвинителката Фатиме Фетаи ја повлекла кандидатурата за шеф на Вишо јавно обвинителство – Скопје. Изборот за шеф на обвинителството требаше да биде направен овој понеделеник, но беше одложен за следниот понеделник со образложение дека на членовите на Советот на јавни обвинители им треба повеќе време за да ги разгледаат пристигнатите оценки и досиеја на кандидатите.

Според шпекулациите, целта е Мустафа Хајрулахи, кој е актуелен шеф и кандидат за нов мандат да остане на позицијата ЈО на Вишото скопско обвинителство.

Информацијата за медиумите ја потврди претседателот на Советот за јавни обвинители, Антонио Јолески кој вели дека е изненаден од повлекувањето на кандидатурата на обвинителката Фетаи. Тој вели дека Фетаи ги известила за повлекувањето преку мејл и преку вибер, но не испратила официјално писмено известување за го сметаат повлекувањето за веродостојно.

– Имаме официјална кандидатура, со потпис. Ќе бараме потврда официјалнао известување за повлекувањето од Фетаи, документ со потпис. Чудно е ова да се случи последен ден пред избори – вели обвинителот Јолески.

Ако Фетаи и писмено потврди дека се повлекува, впо трката за шеф на Вишото скопско обвинителство ќе останат останат Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…