Home Наука и техонологија Фејсбук со најава за големи промени!

Фејсбук со најава за големи промени!

Фејсбук на својата прес конференција најави промени во начинот на функционирање на своите вести, правејќи ги помалку истакнати вестите од бизниси,брендови и медиуми. На тоа место ќе гледаме содржина што поттикнува разговор помеѓу семејството и пријателите.

Промените ќе стапат на сила во текот на следните недели.

“Добивме повратна информација од нашата заедница дека јавните содржини – мислења од бизниси, брендови и медиуми – ги пропуштаат личните моменти, што нè водат кон поголемо поврзување едни со други”, напиша Цукерберг.

Тој нагласи дека заедно со неговиот тим чувствуваат одговорност да осигураат дека Фејсбук е добар за луѓето.
„Ако јавната содржина треба да се промовира, ќе треба да се гледа како да се поттикне интеракцијата со заедницата – како што се случува во тесно поврзаните групи кои разговараат за телевизиските програми и спортот“, рече тој.

Друг пример од Фејсбук се видео-канали во живо, кои имаат тенденција да генерираат многу дискусии.
“Со овие промени, очекувам времето што луѓето го поминуваат на Фејсбук да биде многу повредено”, додаде Цукерберг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…