Home Актуелно ФАТЕН НА ЛИЦЕ МЕСТО: Сакал да изнесе 107.000 евра од скопскиот аеродром!

ФАТЕН НА ЛИЦЕ МЕСТО: Сакал да изнесе 107.000 евра од скопскиот аеродром!

Вчера, царинските службеници на аеродромот ’Александар Велики’ во Скопје спречиле обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра, соопшти Царинската управа на Македонија.

На аеродромот „Александар Велики“, вчера за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот, во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака. Во паковките биле пронајдени 107 илјади евра, се наведува во соопштението од Царината.

Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 2 илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка. Македонски државјани можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на две илјади евра.

04-01evra2
Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016 година поради непочитување на Законот за девизно работење, Царинската управа привремено задржа девизи во противвредност од 604 илјади и 394 евра и 199 илјади денари.

По однос на девизни прекршоци сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година, во Буџетот на РМ лани се трансферирани околу 127,6 милиони денари односно девизи во противвредност на два милиони 81 илјада и 758 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…