Фантазмагорична појава: Сними црвени молњи на небото (видео)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок феномен.

„Ја наместив камерата и буквално за неколку минути небото го опсипаа црвени молњи. Не можев да поверувам. Мислев, ќе имам среќа ако снимам барем една, а тие само паѓаа“, раскажува Финли.

„Црвените молњи“ претставуваат атмосферско електрично празнење кое за разлика од обичната молња, се појавува високо над темните облаци.