Евровизија прави притисок врз Украина да дозволи настап на руската учесничка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Организаторите на Евровизија одбиваат да попуштат пред властите во Украина и денес повторно побараа на ѝ биде дозволен влез во Украина на руската претставничка, Јулија Самоилова за изборот на песна на Евровизија во Мај.

„Евровизија смета дека сите уметници кои што учествуваат во ова натпреварување треба да можат тоа да го сторат во градот домаќин Киев, во склад со правилата и традицијата на натпреварувањето“ изјави портпаролот на Европската радиодифузна унија (EBU).

Ова доаѓа како одговор на критиката на заменик премиерот на Украина кој смета дека е неприфатливо Евровизија да се заканува.

Во писмото од 23. март испратено до премиерот на Украина, генералната секретарка на ЕБУ, Ингрид Делтенре се закани дека постои можност Украина да биде исклучена од идните избори на Евровизија доколку останат на одлуката да ѝ дозволат влез на руската претставничка.

„Неприфатливо е и без преседан тоа што се бара од Украија за да се задоволи Русија“ изјави вицепремиерот Кириленко.

Украинската тајна служба на три години ѝ забрани влез на руската пејачка поради концертот кој што го одржала во јуни 2015. година на Крим по анексијата на тој полуостров од страна на Русија.