Евросон 2023 синоќа ги доби првите десет финалисти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа се одржа првата полуфинална вечер од Евровизија.

Откако беа претставени сите 15 изведувачи, следеше гласање, а годинава имаше одредени промени на тој план, па можеа да гласаат и претставници на земји кои годинава не се натпреваруваат.

Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка, се пласираа во финале.

Во ревијалниот дел настапи Рита Ора, големата британска ѕвезда по потекло од Приштина.

Играчите, сценските ефекти, нејзиното пеење – се беше на висина на задачата, а публиката цело време ја следеше пеејќи и аплаудирајќи.

Следната полуфинална вечер е во четврток