Европа „ја отепа“ Русија со санкции – никогаш ЕУ не купувала руски течен гас како сега


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската унија пред светот „се заколна“ дека радикално ќе го намали увозот на гас од Москва поради нејзината инвазија на Украина, како дел од европските санкции на Русија.

Нешто подоцна, податоците покажуваат дека купувањето на течен природен гас (ЛНГ) од руско производство не само што не е намалено, туку е зголемено за цели 40%. Зборуваат против инвазијата а ги полнат џебовите на Путин, пренесува Офнет.

Според новите наоди објавени од Global Witness, организација за заштита на животната средина, помеѓу јануари и јули оваа година, Европската унија купила 21,6 милиони кубни метри руски ЛНГ , што е мал пораст во споредба со истиот период во 2022 година.

Но, кога бројката од 2023 година се мери со истиот период во 2021 година, пред одлуката на Кремљ да води војна со Украина, постои пораст од речиси 40 проценти (39,5%).

„Тоа е е срамен процент за блокот кој жестоко ја осудува инвазијата како нелегална и брутална“, пишува Еуроњуз.

Да биде резилот уште поголем, три земји-членки на ЕУ се меѓу петте главни клиенти на руски ЛНГ во првите седум месеци од оваа година: Кина е прва, но после неа се Шпанија и Белгија, па Јапонија па после неа Франција.

Холандија, Грција, Португалија, Финска, Италија и Шведска исто така се актуелни потрошувачи на руски ЛНГ.

Севкупно, се проценува дека ЕУ годинава купила 52 отсто од целиот руски извоз на ЛНГ, пазарен удел што ја надминува границата од 49 отсто од 2022 година и 39 отсто од 2021 година.

На конто на Русија, за оваа ставка имаат легнато 5,29 милијарди евра од ЕУ, износ што ги доведува во прашање прокламираните напори на блокот да го ослабне Кремљ.

„Купувањето руски гас го има истото влијание како купувањето руска нафта. Додека европските земји ја осудуваат војната, истовремено ги полнат џебовите на Путин“, вели Џонатан Нороња-Гант, активист против фосилни горива во Global Witness.