Еве зошто ви смрди здивот наутро!

Тоа нешто што сите го премолчуваат, а сите го доживуваат. Милиони луѓе се будат секое утро со смрден здив, но кај некој е многу поизразен, а кај некој не.

Додека лошата дентална хигиена е главен виновник, тоа што не го знаете е џвакањето мастика пред спиење придонесува за вашиот здив да биде неподнослив. Нажалост, не постои докажана метода за превенција од лошиот здив, но експертите истакнуваат некои трикови за намалување на тој мирис, но најпрво да утврдиме зошто тоа се случува.

Устата ви е сува
Додека спиете, вашата уста е сува, а тоа допринесува најмногу за лош здив наутро. Хрчењето и спиењето со отворена уста дополнително го зголемува проблмот. Во текот на денот вам не ви смрди од устата толку од причина што кога сте будни, секогаш се произведува повеќе плунка за тоа да се регулира.

Имате храна меѓу забите
Ако навечер не сте ги измиле забите, постои можност негде да се вовлечени остатоци од храна, кои во текот на ноќта се распаѓаат меѓу вашите заби, а тој процес многу влија врз здравјето на забите.

Сте џвакале мастика пред спиење
Гумите за џвакање можеби изгледаат како освежувачи на здивот, но за време на ноќта делуваат спротивно бидејќи содржат аспратам, засладувач кој се храни со лоши бактерии.

Па што да направите?

Јадете барем еден целер или јаболко на ден, а тие имаат повеќе вода и можат да произведат за да се навлажни усната шуплина. Водата и јогуртот исто така се добар избор. Останатите намирници кои ги стимулираат жлездите за плунка се лубеница и краставица. Спортивно на нив се кафе, газирани напитоци, солена храна, па затоа избегнувајте ги.

Џвакајте мастика, но само наутро, ова е најбрзиот начин да го маскирате здивот наутро, но како што е речено, гумата за џвакање делува спротивно навечер.

Забите мијте ги со сода бикарбона, таа ги убива бактериите повеќе од забната паста.