Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако генерално важи мислењето дека жените се тие кои повеќе се оптоваруваат со изгледот, тоа не може веќе да биде релевантно мнение, бидејќи и мажите сè повеќе време и внимание посветуваат на изгледот. Единствено можеби не го искажуваат и покажуваат тоа толку изразено, или пак не се оптоваруваат до толку.
Но, и тие сè повеќе се замараат со количеството на коса на главата, големината на половиот орган, мускулите и комплетниот изглед, а во сето тоа прсти замеша и науката. Така, после серија истражувања меѓу припадничките на поубавиот пол, откриено што тие најмногу загледуваат и сакаат кај мажите.
1. Рамена
Жените откриваат дека рамената се најатрактивниот дел кај машкото тело, а добра вест е што нив и тоа како можете да ги навежбате во теретана, бидејќи немаат сите исти генетски предиспозиции. Покрај тоа, жените истакнуваат дека сакаат и мускулести раце, а посебно ги издвојуваат големите подлактици и широките дланки.
2. Мажи со рамен стомак
Ако мислевте дека жените ги привлекуваат стомачните „плочки“, се лажете. Тие не им се толку важни, колку што им е важно да е рамен стомакот и на него да нема сало. А тоа, исто така, е нешто кое можете да го постигнете со правилен режим на исхрана и теретана.
3. Бели заби
Овој е интересен податок: На жените не им е толку важна симетричноста на сите делови од лицето, па дури и преферираат такви лица кои немаат совршена симетрија, но кога се во прашање забите, одговорот е еден – тие мора да бидат убави, што поправилни и по можност бели. Е тоа не се вежба во теретана, но дефинитивно можете правилно да ги негувате.