Home Актуелно ЕУ ја усвои резолуцијата за признавање на Гваидо како претседател на Венецуела

ЕУ ја усвои резолуцијата за признавање на Гваидо како претседател на Венецуела

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која го признава опозицискиот лидер Хуан Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, повикувајќи ги европските лидери да го сторат истото.

Предлог-резолуцијата која беше прифатена денес, четврток, 31 јануари, ги повика лидерите од ЕУ да го признаат Гваидо како „единствен легитимен“ привремен претседател на јужноамериканската нација до наредните избори со цел „враќање на демократијата“ во Венецуела.

Федерика Могерини, шефица за надворешна политика и безбедност на ЕУ, апелираше Венецуела веднаш да ги ослободи тројцата уапсени новинари.

„Јасно повикувам на итно ослободување на вашите колеги во Каракас. Ние цврсто веруваме дека сите новинари треба да бидат способни да ги извршуваат своите должности, обврски и да ги остваруваат своите права при работа”, рече Могерини.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…