ЕУ бележи 125 случаи на деца заразени со салмонела: Киндер јајцата и другите производи од Фереро се забрануваат во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агенцијата за храна превентивно нареди повлекување од продажба на киндер јајца и други чоколадни производи од компанијата „ФЕРЕРО“ од пазарите откако најмалку 125 луѓе, главно деца се отруја со салмонела во Европската унија.

Конкретно станува збор за две пратки од сомнителните серии. АХВ денеска добила известување и од компанијата „ФЕРЕРО“ од Загреб, но и преку Системот за брзо предупредување за храна на ЕУ.

Агенцијата бара од потрошувачите кои ги го имаат купено овој вид производ, да не го конзумираат, туку да го вратат на местото кадешто го купиле.

-Грижејќи за безбедноста на здравјето на граѓаните и особенознаејќи дека тука сепак се работи за помладата категорија на граѓани кои ги консумираат овие производи ние, прво по допрен глас кој беше од самата компанија, а воедно и по нотификацијата од Европската унија којашто ја добивме преку РАФАС системот наредивме повлекување, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Компанијата увозник може да ги врати производите назад, но доколку одлучи да ги уништи, тоа ќе го направи во Дрисла под надзор на инспектор од АХВ.