Home Вебкафе Ете ти сега муабет: Три чаши вино неделно ја зголемуваат опасноста од деменција

Ете ти сега муабет: Три чаши вино неделно ја зголемуваат опасноста од деменција

Во истражувањето кое го направија, британски експерти откриле дека само три чаши вино неделно може да предизвикаат неповратни последици по човековото здравје.

Резултатите од истражувањето спроведено на универзитетите во Оксфорд и во Кардиф покажуваат дека три чаши вино неделно се доволни за да го зголемат ризикот од развој на деменција.

Научниците наведуваат дека дури и малку алкохол може сериозно да го оштети мозокот.

Според експертите, луѓето кои пијат повеќе од една единица алкохол на ден значително ја намалуваат способноста на мозокот да функционира правилно. Една единица на алкохол е еквивалентна на 175 милилитри вино. Оние кои ја надминуваат нормалата се изложени на значителен ризик од деменција.

Во истражувањето учествувале повеќе од 13.000 луѓе на возраст од 40 до 73 години.

При истражувањата мажите и жените кои пиеле три чаши неделно, имале многу големи проблеми со тестовите за меморија и когнитивните способности. Негативното влијание на алкохолот е особено забележливо на возраст од 60 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Зошто вреди да се заљубиш во личност што обожава кучиња?

Зошто вреди да се заљубите во личност што ги сака кучињата Љубителите на кучиња често се ш…