Екатерини Сакералопулу стана првата жена претседател во Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес парламентот на Грција ја избра за претседател на државата Екатерини Сакеларопулу, која на оваа функцијата ќе го наследи досегашниот Прокопис Павлопулос (67), чиј мандат беше обележан крајно негативен став кон Македонија. Мандатот на Павлопулос истекува во март, а Сакеларопулу фунцијата ќе ја преземе на 13 март, пренесува Мета.

Шеесет и тригодишната Сакеларопулу, која до изборот на новата функција беше претседател на Врховниот административен суд, е родена во Солун, а студирала право во Атина. Од 1981 година е во највисокиот суд во Грција, каде предминатата година стана негов претседател. Разведена е, има едно дете и живее во централна Атина.

Таа е прва жена на највисоката позиција во Грција и истовремено првиот претседател кој не е избран од редот на политичарите.

Сакеларопулу на денешното гласање доби 261 гласа од 300 пратеници. Таа беше поддржана од членовите на владејачката Нова демократија, најголемата опозициска партија СИРИЗА, како и опозициското Движење за промени.