Една од најпознатите заробени шпионки од времето на Студената војна ослободена во САД


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бившата американска воено-разузнавачка аналитичарка, осудена за шпионирање во корист на Куба пред 20 години, е ослободена од федералниот затвор во Форт Ворт, Тексас.

Веб-страницата на Федералното биро за затвори објави дека Ана Белен Монтес (65) е ослободена во петокот, пренесува АП.

Монтес поминала речиси две децении шпионирајќи за кубанските власти додека работела како аналитичар во американската одбранбена разузнавачка агенција, пишува Би-би-си.

Таа била аналитичар за американската воена разузнавачка агенција и била уапсена во септември 2001 година и осудена за шпионажа во корист на Куба.

Таа се изјасни за виновна во 2002 година како дел од спогодбата со федералното обвинителство и беше осудена на 25 години затвор.

Таа призна дека на кубанските власти им го откривала идентитетот на американските тајни агенти и ѝ се заканувала смртна казна, додава АП.

Откако била уапсена во 2001 година, официјалните лица рекоа дека таа речиси целосно ги разоткрила американските разузнавачки операции на островот, додека еден рече дека таа е меѓу „шпионите кои нанеле најголема штета“ што биле фатени од САД.