Home Шоубизнис Еди Марфи открива за која улога жали што ја пропуштил во кариерата

Еди Марфи открива за која улога жали што ја пропуштил во кариерата

Славниот холивудски актер и комичар, Еди Марфи, на гостувањето во шоуто кај Џими Фалон, откри за која пропуштена улога му е најмногу криво во животот и кариерата.

58-годишниот актер учествуваше во петокот во шоуто на Џими Фалон, каде откри дека му била понудена главната улога во хитот од 1988 година „Who Framed Roger Rabbit“.

Но, тој ја одбил улогата затоа што сметал дека концептот на филмот е чуден. „Бев нешто како ’Што? Анимација и луѓе?‘ ми звучеше како глупости “, изјави тој во емисијата. Улогата на крајот ја доби британскиот актер Боб Хоскинс и филмот освои 3 Оскари.

„Сега секој пат кога ќе го гледам, се чувствувам како идиот“, додаде Марфи, кој ја водеше епизодата на шоуто Saturday Night Live.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …